Уште една промена кај оваа материја настана со измените на овој закон – имено, во октомври 2009, максималното траење на прекувремената работа се скрати од десет на најмногу осум часа во текот на една недела (чл. 5, ЗИДЗРО/окт.09); д) во август 2008 се избриша изречната забрана која предвидуваше дека работникот во ноќна смена смее да работи најдолго една недела (чл. 11, ЗИДЗРО/авг.08). 17 Тука ќе го спомнеме и воведување- 17. ССМ реагираше дека работникот може да биде принуден да работи ноќна смена во текот на целата година.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
1. Со ЗРО (1993) се избриша изречната одредба на ЗРО на СРМ (1990) која, кај општите услови за вработување, прецизираше дека корисник на лична пензија не може да заснова работен однос (чл. 3, ЗРО/90); а, исто така, беше избришана и одредбата која предвидуваше заштита на работодавачот од т.н. нелојална конкуренција којашто би се предизвикала ако работник, кој има посебни знаења од областа на технологијата и производството или, пак, ако располага со извесна деловна тајна, истовремено, би работел и во друга организација (чл. 4, ЗРО/90).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)