Секогаш кога некој ќе влезеше во нејзината соба, во текот на разговорот погледот ѝ се вртеше кон масичката, таа забораваше дека безброј пати претходно го имаше повторено истото – “Ова е мојата малечка Лоте,” и ги земаше праменот коса и запчето, ги држеше на дланките, гледаше во нив онака како што децата гледаат во стакленце како во некаква бесценетост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- Прости ми, браче Мисајле, му велам после, откако ме пушти имелата, дали го извади забот, му велам. - Ене го, вели, и ми го покажува забот на подот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Уља ми вели да појдеме кај Мисајлета Ковачот. Кај Прпушовци. Знам дека тој нешто се разбираше, на мнозина им имаше извадено заби шупливи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ако треба, ќе му ги извадиме забите и мадињата, нема да загадува повеќе…
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Нашата сосетка Криста на масичката го чуваше првиот отсечен прамен коса од ќерка си и нејзиниот прв изваден заб.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ја држи Злата за рака и одвреме-навреме ја загледува во прстенот што тогаш ѝ го даде на ливадата, но прстенот е сега грд: испаднало светливото камче од него и стои шуплинка како изваден заб или длапче од истечено око.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)