Маст, сирење, сланина, колбаси, јајца, мед, па кога по појадокот Митра извади и јаболка, круши и ореи, — изненадата немаше крај.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Дедот Петко тргна од пагурчето, Митра напече месо, извади и сирење, море и некоја колбаса пресече во тукот. Јатрва дочекува, не е шега работа!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Чекореше со напор. Парчето стакло во џебот го удираше по бутината при секој чекор и беше речиси решен да го извади и да го фрли.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Винстон извади и му поддаде две стуткани и нечисти банкноти, што Парсонс ги запиша во еден мал бележник, со уреден ракопис на неписмен човек.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Најпосле се притаи во малата одаја, го отвори невестинскиот ковчег и од него, со ред ги извади и раздипли шамијата и кавракот, мантата и полката, долникот, бојот и пешкирот, скуталото и некои други везении и ткаенини.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ќе ги извадам и кофите, зашто и така, од преголемата употреба на водата од водоводот за вадење на бавчите и градините околу куќите, лете повремено секнува водата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ковчегот го извадија и го положија на едно чисто плато од десната страна на браната.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Во својот џеб би можеле да ставиме цели универзуми или да си ги ставиме зад уво, по потреба да ги извадиме и повторно да ги погледнеме.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Тоа волкот просто ја имаше во својата уста неговата крв и трепереше од нејзиниот вкус, а во тоа имаше и една таква безизлезност, што тој не беше во состојба да не се подигне од петици, речиси маѓепсан од едно такво ужасно навестување на една ваква чиниш од самото дно на пеколот извадена и зачекорена и наеднаш толку необорива вистина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
понатаму од трските и шеварот гледаше Висар, како жените, по умирањето на некој, ја вадеа сета постела на која спиел умрениот и сета покуќнина со која се служел, да ја мијат на езерото да ја тријат: веленце, мутав, постеќија, сазма, клашник, сакма, џубе, ресичка - удираа со пиралките на нив, фрлаа пепел и катранен сапун, луга и жива сода за да го извадат и очистат од нив и допирот и здивот од умрениот;
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ја извади и ја стави на масата. „Татко ми ми рече дека отсега натаму, ова треба да го носиме секогаш кога излегуваме на улица”. Мајка ми, секогаш брза во реакциите, дојде до масата и ја зеде ѕвездата. „Какви се тие глупости, ќерко!
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Терасата е корисна, но јас еднаш се досетив дека од неа би можело да се „извади и некој динар“, па ѝ предложив на баба ми да ја пренамениме (тој збор го употребува татко ми кога со Славко и со Кара разговараат за бизнисот) со базен.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Го растоварија коњчето, ги извадија и ги отворија сандаците.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)