Речиси никој освен Милер не направил општествена критика на машкиот геј-културен објект и не се заинтересирал за исчитување на масовната култура од гледиште на машкиот геј-субјект кој е нејзин потрошувач.148 И ретко кој од квир-теоретичарите се обидел да изведе приказ на машкиот геј-субјективитет преку индуктивна студија на историјата на машките геј-културни присвојувања наместо врз нив дедуктивно да ја применува психоаналитичката теорија или некоја друга теориска догма.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ајде сега од ова гледиште да им се навратиме на италијанските вдовици од Фајер Ајленд.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ставајќи се во дрегот на италијанските вдовици, тие се обидувале да си присвојат, колку и да било тоа иронично, женска улога што обично би им била ускратена.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Можеби не грешат кога лично се чувствуваат како цел, кога мислат дека машката геј-култура им го напаѓа самото суштествување како жени преку своите бујни претставувања на екстравагантната, претерана, хистерична, страдна, унижена или абјектна женственост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Нивниот настап, тврдев, не е мизогин: тој не искажува омраза кон жените, не толку колку што искажува завист поради можноста на некои жени јавно да изведат приказ на личната болка.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)