И покрај фактот што и американските и британските мисии биле испраќани само како воени мисии со основна задача да организираат и изведуваат воени операции во окупираните територии и да овозможат испраќање воена и друга помош за да им се нанесе поголема штета на нацифашистичките окупатори, тие не можеле да не испраќаат и такви извештаи во кои јасно се гледало следењето и на политичките состојби и намери на политичкото и военото раководство на НОВ и ПО на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тоа го потврдува и извештајот од 19 ноември 1944 година на еден американскиот разузнавач, кој во својот извештај се осврнува на одржувањето на Антифашистичкиот конгрес за национално ослободување на Србија, што бил одржан во Белград од 9 до 12 ноември 1944 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)