Дури и официјалните потери што ги праќаше пашата се тресеа и секој гледаше да не дојде во допир со Толевци, оти кога и да идеше некое одделение, даваше по неколку жртви.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Идат луѓе: пет шест десетина, фаќаат Турци прочуени со нивните зулуми, земаат пари ако имаат, и ги изведуваат и колат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ова е поткрепено и со еден цитат на Маркс: „идеите не можат воопшто ништо да изведат и за остварување на идеите се потребни луѓе кои ќе употребат практична сила“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тоа во голема мера се должи на пасивноста на идеите кои се „повеќе 108 еден модел на стварноста отколку причина“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
(Таква сигурност, тоа подоцна го видов, во циркусот немаше; никој таму не можеше да ти гарантира дека, иако си извел една точка на трапез повеќе од петстотини пати, ќе ја изведеш и петстотини и првиот пат.)
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но мене отсекогаш ме интересирало зошто во таквите обреди (каков што имаше намера да изведе и Луција на крајот од приредбата) тие работи, срамни, забранети, жигосани од истата заедница (во нормални, некарневалски услови) – се говорат под маска?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Јас им доаѓам како некој што ќе ги изведе и што ќе им го одложи најтешкото.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Акцијата беше наполно ефикасно и успешно изведена и Константин З. се соочи со првите пофалби усно или телефонски искажани од повисоките инстанци.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Од деталите раскажани во врска со овој мој постојан сон толкувачот на сонови од оваа барака извлекол заклучок дека прогонувачот постојано се движел праволинејно а притоа и прилично брзо за да може да изведе и таква операција каква што е наведнувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Само две-три педи поднаведни се ме советуваше тој и твојот прогонувач ќе профучи покрај тебе како заслепен бик.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)