Царски е патот на змиите:
ја сечат отмено поврвнината
на брановите, легнуваат по карпите
тивко, како сонце на залез
се лизнуваат меѓу нозе
очи в очи се судираат, исчезнуваат
без страст, без отров
секогаш совест од којашто извираат
водите, се ведат змејчињата
за да се одржи невидливата рамнотежа
- услов без којшто не може ништо на веков.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Сенката на јастребот паѓа кружно
врз Земјата од која извираат води
како забранети љубови
а човекот ѝ се покорува на жедта
и кога ја порекнува.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
А од Пржницана извира вода, вели, сегде кај што сум згазила со нога излегува вода, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)