И како што молекуларните маси растат до една критичка вредност над која се преминува кон живот, како што од светот на минералите се издвојува вегететативниот свет, а растителниот живот во макрокосмосот, коренски врзан за космичкиот циклус, преминува во постепено раскоренување, во животно што лута, во самата внатрешна авантура на човечкиот микрокосмос, така и нашите историски мисла и пракса денес мораат да најдат посложен мерен инструмент од месарската вага на простите биологизми или макрокосмичките фиксации за избрани народи кои извираат директно од „нескротениот ѕвер” на биологизмот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)