Втора измена на чл. 23 се случи во јули 2014 каде се дефинира содржината на јавниот оглас кога работодавачот вработува работници по пат на јавен оглас, тој е должен во јавниот оглас да ги наведе: (1) називот на работното место; (2) условите што се бараат за вршење на работата; (3) почетокот и крајот на дневното и неделното работно време; (4) распоредот на работното време; (5) паричнот износ на основната нето плата за конкретното работно место; (6) се дефинираше временскиот рок за пријавување кој не смее да биде пократок од пет работни дена; (7) рокот во кој работодавачот ќе го изврши изборот и (8) точните податоци за работодавачот (назив, седиште, (лице за) контакт и сл.) (чл. 4 од ЗИДЗРО/ јул.14); г) измените кои ги претрпе ЗРО во делот на правата на неизбраните кандидати може да се толкуваат дека тие донесоа и позитивни и негативни промени.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Кога работодавачот вработува работници по пат на јавен оглас, е должен во јавниот оглас да ги наведе условите што се бараат за вршење на работата, рокот за пријавување, кој не смее да биде пократок од пет работни дена и рокот во кој работодавачот по истекот на рокот за пријавување ќе изврши избор, доколку со друг закон поинаку не е определено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во јавна установа, јавно претпријатие и друго правно лице што врши дејност на јавна служба, орган на државната управа и орган на единицата на локалната самоуправа – потреба од работник се обезбедува со објавување на јавен оглас во најмалку два дневни весника од кои најмалку во по еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и во весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик (чл. 22, ст.1 и 3 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Четири години подоцна, со четвртата измена на ЗРО (2005), од октомври 2009, пак се интервенираше и во овој сегмент – па во членот кој предвидуваше објавување на слободните работни места од страна на работодавачот, се изврши прецизирање дека, покрај другото, во јавниот оглас треба да го наведе и рокот во кој, по истекот на рокот за пријавување, ќе се изврши изборот – доколку, се разбира, со друг закон поинаку не е определено (чл. 3, ЗИДЗРО/окт.09).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со дополнителните измени на чл. 22 и новововедениот ст. 2 од истиот ЗИД се укажа на обврската обезбедувањето на потребата од работници преку јавен оглас задолжитено да се врши со претходно внесување на јавниот оглас во електронскиот систем на АВРМ пред неговото објавување во дневниот печат или во другите средства за јавно информирање печатени или електронски на товар на работодавачот (чл. 3 од ЗИДЗРО/јул.14); в) Измени претрпе и чл. 23 кој го регулира објавувањето на слободни работни места, на кој со новововедените пет става дојде најпрво до регулирање на максималниот временски рок во кој работодавачот може да изврши избор во зависност од вкупниот број на кандидати кои се пријавиле на јавниот оглас за едно работно место и тоа: (1) во рок од 45 дена за пријавени до 200 кандидати; (2) во рок од 90 дена за пријавени 201-500 кандидати и (3) во рок од 120 дена за над 500 пријавени кандидати.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)