Откако ја усвоивме Searle-вата интуиција дека самиот процесор нема разбирање, тогаш треба да заклучиме дека компјутерот кој извршува програм е машина различна од оголениот хардвер.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Секако дека програмскиот листинг неможе ништо да разбира (тоа е само куп хартија); и под препоставка дека човекот не знае кинески; нема ништо друго во собата. Searle инсистира дека хипотетичката ситуација е точно аналогна со компјутерот кој извршува програм.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Ако машината може да се опише само „екстраспективно”, тогаш ние би требало да гледаме на компјутерот кој извршува програм - што е всушност целата соба - како агенс кој има гледиште, а тогаш интуициската пумпа на Searle се крши.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Компјутерот кој извршува програм мора да биде нешто повеќе од обичен хардверски процесор во когнитивно значајна смисла.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)