Но, за жал, до ден-денес овие нивни побарувања (платите и придонесите) се неисплатени. Тие досега не побараа присилна наплата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
5. Таква е, гледана однадвор, пуста и ненаселена, наваму од крајот на последната Голема војна, односно наваму од принудната колективизација, и нешто потоа, откако ги зафати луѓето емиграцијата, таа самоникната и безимена потковица среде Бакарно Гумно, која, спуштајќи се благо по голите падини на ридиштата, на запад и на југ, сè до мелиорацијата (пред десетина години ја извршија доброволно младински работни бригади; покрај бесплатна исхрана, работничка облека и плускавици на дланките, младинците имаа и задача да ги шират меѓу себе љубовта и братството) се преточува во ливадско земјиште (сега сушно и неплодно) испресечено со мртвици и блата кои, пак, се вливаа во Црна и во кои заедно со стотици видови барски и преселни птици живееше и лошиот дух на маларијата, а на исток и на север, односно на североисток и на северозапад, сѐ до мариовските планини, односно сѐ до Прилеп и сѐ до крушевските планини, во житница и тутунско поле.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Начинот на исплатата на паричното побарување на тужителката беа извршени доброволно – по пат на спогодба, а спогодбата имаше и нотарска заверка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Трошоците за постапката, во износ од 2.500 МКД за судска 156 такса, паднаа на терет на тужениот, а за возврат – како што веќе споменавме – Вујошевиќ се откажа од каматата, којашто законски ѝ следуваше, а го повлече и барањето за исплата по основ на минат труд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во разговорот со Н.Н., тој вели дека оваа обврска „Водостопанството“ треба да ја изврши доброволно и дека ќе остават уште некое време за да се исплатат парите, пред да ангажираат извршител.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)