изгрева (гл.) - нов (прид.)

Во него сигурно изгреваше нова мисла.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На сонцето, сето вцрвенето, уште само чепорок му треба за да се сокрие зад Плоштина, но небото е толку изјаснето и таму, на западната страна, прекриено со црвени облаци, па се чини дека изгрева нов ден, а не дека овој зајдува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)