Бараше од раководството од секое село да им праќа луѓе за караули — стража — каде што денува и кога почна да ги собира сите црквени пари под изговор дека со нив ќе купува пушки, кај селаните изгуби секаква симпатија и доверба.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Од десет овци едната да е готова за четата кога ќе допадне во нивниот реон; сиромасите беа терани на стража во работните летни денови, кога можеа да заработат по некој и друг кутел житце, а потоа дојде и индивидуалното оданочување, според силите, пак да се купуваат пушки.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Залудно се трудеше да ја ослободи од тие авети, - да ја ослободи од чувството на човек кој залутал во страшна, непреодна пустина, каде што се секнати сите извори, изгубени секакви надежи... Залудно...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Одеа така долго по трагите, но мечката ја немаше. А кога кучињата се вратија, изгубија секаква надеж.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Телето сосем го изуми. А и по она што му го рече чичко Добре, изгуби секаква надеж дека ќе го пронајде.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Марија беше изгубила секаква надеж дека Хелвиг ќе се јави. Веќе и пари не чекаше од него.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Ќе изгубат секаква смисла!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Каков е тој натпревар во кој секој поединец и секоја екипа го освојуваат челното место?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се изгуби секаков сон во домот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Од тој момент изгуби секаква надеж.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Подоцна му се изгуби секаква трага.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)