Кога ќе изгубеше фигура, чувствуваше дека полето на кое ја загубил фигурата, зјапе празно, жално, втонува, се урива, а загубената фигура ја земаше од масата каде што ја оставаше противникот и не можејќи да се помири, ја пипкаше со прстите, ја жулкаше жално, ја вртеше низ прстите како да ја проверува дали и нејзе ѝ е тешко како нему што е исфрлена од играње.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)