Тогаш и јас, без да сакам, загазувам во глупостите: правам гримаси, на тие шутраци им го исплазувам јазикот, а тие не се лутат туку како спобудалени ми плескаат, плескаат.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А пак тогаш: Сивокрилите ангели полека фатија да се источуваат пафтајќи со крилјата и упатувајќи се на запад, и наскоро одново се покажа сводот небесен што сега ја немаше својата, туку бојата на проклетството, а од силната војска се издвои само еден одред од Силата што го препокри градот во кој згаснуваше сѐ: и криците, и довикувањата, и трчаниците, и стравот на луѓето, та носејќи факли со сумпорен пламен се одвоија од јатотото и фатија да се спуштаат полека кон Градот...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Како да издвојам само еден показалец од она завидно множество што покажува кон мене?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А притоа уште слушам како се тркалаат околу мене отпадоци од некој притулен шепот, и навистина не сум сигурна дали се тоа шеги што треба да ме засмеат; или ме исмеваат?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Кога ја доби веста, имаше чувство дека таа е во врска со настанот што го исчекуваше, за кој првите навестувања ги доби не само во Виена, туку и во шепотливо пренесуваните вести за спорадичните депортации на Евреи надвор, додуша надвор од неговата диецеза, но со една иста дестинација: Аушвиц, Полска.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)