Мелодијата расне и со својата трепетливост се издига над објаснението.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Највозвишената глетка што се издига над политичките превирања последниве години - изразот „возвишен“ треба да се сфати во најстриктна кантовска смисла - без сомневање е посебната слика од времето на насилното уривање на Чаушеску во Романија: побунетите мавтаат со знаме од коешто е исечена црвената петокрака, симболот на комунизмот, така што на местото на симболот кој го претставува самиот организациски принцип на националниот живот немаше ништо освен дупка во средината. Маргина 37 9 Маргина
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Шпион! Тоа име стана негов крст на кој тој се издигаше над сите на селската Голгота, и би негово право да пцуе или да молчи, или пак, со рамнодушност, за себе, да ги ора доброволно нивите на оние домаќинства чии машки глави беа в град или далеку.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Малите мотели, салуни и бензински пумпи како ретки островца се издигаат над тој правлив океан, во којшто видливоста досегнува подалеку од човечкото око, а природата те опоменува дека во животот можеш да бидеш само емигрант, никако турист.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)