Не се сеќавам што би рекла мајка ми во ракописот што ни го остави за да ни каже колку малку им се посветуваме на оние кои не сакаат, колку време мина од разговорот со неа, еден или два часа, кога ми се јавија од клиниката да ми кажат дека и е лошо и дека не знаат дали ќе и издржи срцето!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Безбели ќе издржи срцето до преселбата и на последниот внук.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Дека тие згрешиле во проценката!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Ми доаѓаше во сон како да сакаше да ми каже нешто, но никако не успеваше да изусти или кога ќе успееше да пушти глас јас не можев да слушнам...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Ама и Бошко скрши глава. Бити, битиса и Бошко од Сувогрло. Не му издржа срцето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Од телефонскиот разговор со госпоѓата што ми се јави од клиниката паметам само една реченица... на мајка ви и е лошо, дојдете веднаш... не знаеме дали ќе и издржи срцето.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)