— Издржи уште малку, велат, и дупат во ногата, ми ја гребат коската.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сакам да расчистам со неа пред да почне распустот, оти не можам да издржам уште едно лето без неа, а да не знам на што сум!“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
По извесно време, студенилото му премина во оган: гореше, се потеше, фрлаше сѐ од на себе, но ништо не помагаше; чувствуваше како повторно да се наоѓа во Сахара, во нејзината жештина што еднаш ја доживеа; во бунилото повторно му излезе Сахара пред очи и жената со која што тргна и која постојано му го отвораше прозорецот од џипот и му велеше: издржи, издржи уште малку, а низ отворените прозорци место свежина влегуваше уште поголема жештина.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Немаше друго освен да се издржи уште малку, кога се издржал толкав залуден пат.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
XXIV Преостануваше да се издржи уште финалната етапа од патувањето: Влора, Саранда и Бутринт, па неизоставно Ѓирокастра, родниот град на Водачот и на крајот по родниот град Поградец, конечно да се појде кон границата. Сигурниот крај на патувањето!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)