Ги менуваше брзините барајќи ја соодветната и ја молеше да издржи барем до врвот, а потоа по удолницата белки ќе ја издуваше пречката и со порамномерен ритам ќе ги довлечкаше до дома.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Како и да е, треба да се издржи барем уште неколку века.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
А ако не тргнеш нема никогаш да знаеш дали има враќање.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)