Бугарија се излага во сметката.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во двата случаи, се работи за белгиски уметници кои излагаат во Париз, изигрувајќи селаништа кои одеднаш се нашле во библиотеката и меѓу среброто на аристократите во центарот на светската уметност.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Но видовме дека сме горко излагани во нашите надежи и дека наместо арнотии ние видовме само лошотии.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Бригадирот Језекил не се излага во настојчивоста. Беше упорен и тоа си го предизвика своето.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се прости со заптиите во Дуње, бидејќи беше близу до Прилеп, а рано се спреми денски да се прибере, та не подозрувајќи никаква опасност, тргна само со својот гаваз и Андона, кого сакаше уште да го протепа патема што го излага во Полчишта оти ќе плати, кога ќе си отидат во неговото село — Дуње, а од друга страна со него сакаше и да се оправда пред своите старешини во Прилеп, дека ги употреби сите мерки, а останале понеколку души фукара од секое село што не платиле, ама барем разбрале оти живеат во царштината на Султанот, носејќи ги сињилата по телата од стаповите на авалеџијата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)