Овде Горѓи го насрчи Толета да го продолжи својот арамилак и му вети, ако има некогаш некоја мака нека го побара него, ако излезе одовде, и тој ќе му помогне со што ќе може.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кога излегов одовде, често мислата ми навраќаше на оваа аранжираност која, сметав, можеше да биде само плод на еден илузионизам, која нема никаква врска со стварноста, или пак беше белег на една младост која можеше да си допушти секакви лудории, па и ваква внатрешна аранжираност во диско-клубот, зашто младите само играа и одвреме навреме се честеа со мали чашки баварско пиво и тоа беше сè.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Да излезам одовде со врзани раце, зачекорен кон бесилото, или да избегам, тоа е сеедно.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Нели, колку си поблизу, за да го видиш секој белег на лицето, толку ти е понедостапна и поневидлива опачината?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Човеков што дојде да ме поведе ме поттикнува да побрзам, но не ми кажува каде.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Кога ќе излезам одовде ќе наминам на улицана за да проверам низ кој мрачен трулеж истекува овој застојан смрад иако знам дека погледот откај улицата не е во состојба да наѕре во овдешниве посебности.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И јас, како и другине што поминуваат оттаму, ќе можам да ја видам само улицата со затворскиот ѕид што се чини сосема обичен. Ништо друго не се ни наслутува.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
БОРИС: Немаш избор, Матеј, нема да излезеш одовде. Ајде.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Ти имаш авторитет. Тој мора да излезе одовде. Ако треба и сосила. Ова е твоја куќа.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Но кога ќе излезат одовде, повторно ќе бидат опкружени од старите балкански предрасуди” – одговорила замислено Клементина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
На овие девојки им е најтешко кога ќе излезат одовде, обучени, со познавање на повеќе јазици, воспитани.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)