Софорние стана; метанисувајќи и отстапувајќи назачки, погрешно се упати кон вратата што водеше на чардакот - тоа Турците ги насмеа - па мораше, пак метанисувајќи и отстапувајќи назачки, да се враќа назад - за да излезе правилно: низ вратата што направо од гостинската одаја, односно од горниот кат прудолу по скалите водеше во тремот на долниот кат и оттука, низ Голема врата, во Предното двориште.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)