Така тетка Перса слушна дека армасникот на Деспина е оној што на времето нашарал една молба до властите по која молба тие и го добиле станот во Чаир, а откако си заминаа, речиси во самата квечерина, Пелагија ја дополни приказната за Атанаса, за неговата мајка Вета која со години еднаш во неделата го изодува патот од Мичурин до гробиштата каде што си поплакува на гробот од ќерката која со дваесет и две години си заминала уште во педесет и втората.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ведран веќе не носи пелени На мојот син Ведран Ведран веќе не носи пелени, и сега, мочајќи кај ќе стигне бавно но сигурно го изодува патот до шолјата.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Вујко ми, Аламановец инаку, значи роден брат на мајка ми, вртејќи ја главата настрана проломоти Ами ако е за толку! со тоа што по она за толку ништо не додаде, па јас уште еднаш не го изодив патот пеш од центарот до Автокоманда.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)