Сега Бино беше мирен, бидејќи и Јован им се продаде на Србите, та немаше кој да му забележува и да го гони ако ставе некој „лимпрч“, како што се изразуваше за државните преврати самиот Бино. Јована пак, страшно го печеше Биновата положба.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Не ми беше лесно да го разберам Мајкиното учество во балканската историја, посебно односот кон сложеното „албанско прашање”, како и кон границите, тие проклети линии на делбите, таа пајажина пред и околу луѓето, како што таа често, гласно или шептејќи се изразуваше за нив, особено откако ја напуштивме родната земја и станавме засекогаш емигранти на животот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)