Те видов како израсна од мојот поглед како искра што сето небо го пали дури и зборот ти станува недосеглив ни мислата во подадената рака во далечина.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Окитот ги заличи годините и зимата нема а немирна во мислата: каде Окитот ги заличи надите и овие раце израснати од барање во застани: каде Окитот ги заличи спомените на една зима мраз зима страв па сепак: каде каде
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Ластар си израснат од молк те дои дали волчица, дали срна? Речта ни ги брои раните. *
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)