Ништо друго не се мрда, а вратата се тресе: ќе изрипа од рамот, од касата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Давиде Недолетниот видел риба што изрипала од реката и полетала кон небото.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А овие изрипаа од дупка како сотони од пекол, па, ти си ни кум! Циганска работа! Тоа ли е ред!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ЦОНКА: А и ни умреа неколку деца што ни ги крсти тој... (Плаче усилено да побуди сочувство.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Почнаа да се ѕверат низ честарот, погледнувајќи ги своите другари лево и десно, а селанецот го забележа Белчета во букашот, си ја поткаса долната муцка и подзина да викне, но во тој момент Толевци изрипаја од карпите со страшен натприроден вик и ги фрлија готовите бомби кон групите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И наеднаш му текна нешто: тој изрипа од колибата надвор, а кога се врати во рацете држеше голема главица зелка, од која што ги кинеше горните лисја и ги фрлаше надвор.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Се разнесе грмогласно „ураааа!“ од четиристотини грла и залпови од пушки.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)