има (гл.) - ја (зам.)

Имајќи ја предвид таа критика за потребата и целесообразноста на нашево овдешно друштво, ние сме должни да си дадеме точен отчет за причините што го предизвикаа неговото образување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од пуста желба за совршенство, имајќи ја предвид мојата перфекционистичка нарав, се излажав дека тоа можам да го постигнам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Убедувањата на Донован сигурно не биле многу убедливи и поткрепени со реална можност за помош, имајќи ја предвид политичката и воената состојба во Европа каде што воените сили на Велика Британија трпеле порази на сите фронтови.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од тие причини сите обиди на САД и на Велика Британија да ги одвратат Кралството Југославија и Бугарија од пристапувањето кон Тројниот пакт завршиле без успех.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со оваа измена и дополнување на ЗИПДНД (1992), новите казни беа драстично зголемени имајќи ја предвид просечната плата во 1992 година. 10 Дотогашните 45.000 до 450.000 денари кои беа предвидени доколку правното лице ги исплати платите и надоместоците спротивно на одредбите на овој закон беа заменети со 150 до 200 просечни месечни плати, додека казните за одговорното лице кај правното лице, од 2.500 до 25.000 денари, беа заменети со 30 до 50 просечни месечни плати (чл. 2, ЗИЗИПДНДР/окт.92).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во тој луфт, тој циркуски неон и сега не се познава каде е мојот живот, мојата скриена фалинка не сум крив јас виновни се оние кои веруваа полесно ми беше да бидам неограничен во слободата да грешам, одошто да сакам ја имав секоја имајќи ја безличната жена, не груба, не глупа, не грда напросто ефемерна бришаниот простор ме плаши, не празниот ѕвездената прашинка која светка под папокот на мојата скокотлива куртизана, судбината мојот детски инат, залудното препознавање во сѐ што не сум јас зар не сум доволно смртен за да бидам и жив, и со себеси соочен зар јас ќе го напуштам светот не тој мене, мила моја!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Имаше напластени вистини кои му укажуваа дека е дојдено дефинитивното време за да се ослободи од нив, имајќи ја само Мајка како сведок.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Имајќи ја предвид лошата ситуација во фирмата и малата веројатност нешто да се промени во тој правец, таа се сложува на ова и „доброволно“ го потпишува решението за технолошки вишок, кое датира од септември 2005 и во кое се наведува дека од денот на престанокот на работниот однос нејзе ќе ѝ се исплати надомест на име испратнина во висина од пет месечни плати остварени во последниот полугодишен период, а исплатата ќе се изврши со денот на престанокот на работниот однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А, кратко по ова тие потполно престануваат да ги исплаќаат платите на вработените.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во текот на наредните седум месеци (од март до септември 2005) тие постојано истакнуваат дека плата ќе почне кога-тогаш да се исплаќа и дека моменталната ситуација набрзо ќе се надмине.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)