Има, има - в темнината нешто живо пак да свети: има болка на душата има души наранети.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
На Вичо, вели, нашите имаат бол јадење.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Како не, па јас, освен што ги имам болките во грбот од ништо друго не сум била болна. - рече без двоумење.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Научив дека во животот секогаш, без исклучок, мораме да имаме болка.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Нека остане. Ноќва ќе има болки.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
(Куќата на Султана. Султана згрчена седи кај масата. Има болки. Елена и Рајна ја разгледуваат куќата.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Оние зборови на тој таму од темницата во кој имаше болка од средбата со Македонијата и жал за оставената плодна земја, за швапските куќи, за дебелите свињи кои во ова време се претвораат во леано месо и колбаси што потоа се залеваат, се сврнгисуваат со топена сланина, буричкаат во сите незаспани и го падат сонот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Сега има бол кафе и локум.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Има болки што никогаш не се лекуваат. Болат и ќе болат ...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И не јас, туку она девојче кое некогаш бев, и чија рана и натаму крвареше во мене дури и во оние периоди од животот кога не го чувствував тоа, секое утро уште пред да се расонам ме тераше да тргнам кон Рајнер, па со чувство на вина да молам да ме пушти во својот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Неверството на Рајнер го преживуваше она девојче кое на почетокот од сеќавањата кои ги нарекуваше свој живот ја имаше болката, нешто како капење крв од скриена рана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)