Погледнува на Зоја. Од сонцето, ветерот и дождот лицето и имаше боја на пресен мед.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Животов има боја на пустинска роза, на пурпурни цветови, на жолта дуња, корална, кардинал црвена, и безбројни нијанси на бои кои се прелеваат и прават ириси.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Има вкус на ливадски мед, зрела смоква, цреша, карамел, чоколада, егзотични зачини, морски оревчиња, каранфилчиња, шафран.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Соседите се фатија за оградата со рацете. Музичарите стоеја.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
На воздухот, лицето на дедо Васја имаше боја на репка - како старо тесто, веѓите наместа сосем црни.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Оваа ноќ таа имаше боја, мирис и вкус.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Колку многу поубава би била да имаше боја на лицето, пополничко тело, исполнети и заоблени раце, пополнети колкови и бедра.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Таа девојка изгледаше скромно, имаше истакнати јаболкца и косата ѝ имаше боја на смола.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Гледајќи како сонцето се провира низ мрежестите пердиња и како ги капе, со својата блага портокалова светлина, комодите што имаа боја на мед, стана видливо свесен за убавото време.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
А небото, бледозлатесто, пурпурно, сребренесто, распалено - на зајдисонце имаше боја на вино.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Таа ноќ месечината имаше боја на топол и светлив килибар и без престан се огледуваше во нашите очи вковани во бескрајот на ѕвезденото небо.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Пријателот на Исмет чајот лично ни го послужи во стаклени чаши. Има боја на топен килибар.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сè што остана после Потопот има боја и мирис на заборавен глас.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Како ги раскажувам соништата и кому
Клошарите со посвета
Предметите по употребата
и мислите, Соблекување или почеток
на разговорот и другите ненапишани песни
одрани налик на волот на Рембрант
крвта остава силен впечаток, нели
има боја, вкус и позадина
нели има свој пулс, своја група, свое месо
станува естетски предмет или вода
потаен жар се
од нив ми гори под нозете.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
И песокот во светлината што замираше имаше боја на растопен бакар во кој сега беше врежана пораката што секој човек од секое време може да ја прочита и вкуси низ годините.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Прашумата имаше боја на гума и пепел, заради долгите години без сонце. Имаше камена и мастилеста боја.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)