има (гл.) - вредност (имн.)

Со насилното стишување на мислењето пак предизвикуваме посебна несреќа, зашто со тоа го ограбуваме човечкиот род, како оние што доаѓаат по нас, така и сегашните генерации, луѓето коишто со таквото мислење не се согласуваат, дури повеќе од она лице што го изразува.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Оваа операција има вредност „вистина” кога барем еден од аргументите е „вистина”: тоа може да се опише како „или A или B (или и A и B)”. Rychlack придава големо значење на она што тој по грешка верува дека треба да биде операција, а тоа е „или A или B но не и обата”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Отпаѓа и во однос на мотивите; затоа што два мотива, секој со дадена вредност, не мора нужно, штом се соединат, да имаат вредност еднаква на збирот од нивните поединечни вредности.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сиоран, инаку топла личност, од себе варничеше јаросни зборови, бидејќи пишувањето, според него, има вредност и оправдување само како ослободување од опсесиите, како средство да се одложат распадот и катастрофата.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тие имаат вредност за утврдување на тематската генеза, на општата наклонетост на предвоената македонска литература за национален, културен и интелектуален идентитет.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ако мислењето било правилно, на тој начин сме ги лишиле од можноста заблудата да ја замениме со вистината, ако било погрешно пак, сме им одзеле нешто што е речиси подеднакво скапоцено, имено можноста вистината при нејзиното соочување со заблудата да ја видат појасно и да ја почувствуваат поживо.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дали таа суштина е структурирана претежно априорно биолошки или историско психодлабински, не е ни важно, важно е само дека ја има вредноста на самото Нешто, значи дека е определена како полова супстанција, којашто се одѕива само на одредени визуелни, слушни и тактилни надразби.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ако е мислењето приватна сопственост, што има вредност само за сопственикот, и него би го оштетиле само лично со тоа што би го лишиле од задоволството што му го нуди, би било важно дали со тоа сме сториле вина само на грст луѓе или на многумина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)