Но ако во неговиот јазик има гласови што ги нема во јазикот од којшто се позајмува азбуката, тогаш позајмувачот на туѓата азбука ќе направи некои изменувања и дополнувања на неа, со кои ќе биде означена разликата во гласовите меѓу двата јазика.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Аполинер, кој имаше глас на тенор, 1914. отпеа и изговори три песни за плочата што ја издаде Фердинанд Бруно.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Оваа претпоставка ќе биде потврдена доколку утврдиме дека реченицата се однесува на Аполинер, што, се чини, е случај.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Конечно и мајка ми се разведрува: - Том Џонс! Има глас човекот. А не ко овие врекачи.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Имаше глас, во кој стоеше и презирот кон страот, што е толку блиску до нив. Тој воопшто не кружеше.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Забрадената старица имаше глас на осумнаесетогодишно девојче!
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Старчето се грчеше меѓу нивните нозе и ми личеше на осакатен јазовец.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Имаше глас на новороденче - пишти танко и грлено, никој ништо не може да разбере, ни збор ни болка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во преврските нешто се движеше и имаше глас на човек.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ја дигна раката и згрмоти колку што има глас: - Еленчиња мои, потрчајте како што знаете!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
ФЕЗЛИЕВ: Има. За жал - има. Живата цел има очи, има душа, има глас, живата цел се приближува, а понекогаш во раката има и револвер...
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)