има (гл.) - изглед (имн.)

На околу педесет години, со силно прошарена гривеста коса, тој имаше изглед на добродушен, веќе малку уморен лав.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Претствникот на фабриката изјави дека има изгледи да се склучат договори за извоз на овие производи во Западна Германија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во секој случај, имаше изглед на човек со кој може да се разговара, доколку на некој начин се измами телекранот и се начека насамо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа имаше изглед на самоуверена девојка од околу 27 години, со густа темна коса, со дамкосано лице и со брзи атлетски движења.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Добро му беше местото, а имаше изгледи, со време, да стане и народен пратеник.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
(...) Стерлинг беше презафатен со барање психијатар кој ќе го ослободи од војска.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тој беше не баш претерано редовен студент на англиска книжевност, но во секој случај имаше изглед на презафатен научник.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Од друга страна, има изгледи од музичкиот дел да се издаде ЦД...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Без луѓе и без звуци на работа, местото имаше изглед на напуштеност, како нешто да е напуштено пред да биде завршено.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Одајата е наместена мошне арно, старовремски: десно насреде огниште, горе јашмак под кој оџакот е завиткан со завеса од шарена басма; од страните на огништето камари, исто така покриени со завеси од истата басма; назад два прозорци со завеси од истата басма, собрани до горе на плисе и прикачени на една шајка на средината, така што имаат изглед на плисиран полукруг.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Прелевањето беше толку бавно, толку спокојно и толку елегантно, што изгледаше просто нестварно, и како, ако ништо друго, да ќе запре во секој миг.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Не, всушност, дојдов тука на конференција за екологија, - тактично ја поправив тетка Марија, знаејќи дека оваа грешка почнала одамна, уште кога мајка ми разговараше со тетка ми Олга по телефон и дека сега тешко ќе има изгледи да се поправи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А барем да беше тоа, тогаш ќе имаше изгледи за некаква промена во мислењето, надеж.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Започнуваше да се развиделува, но матно; селото имаше изглед на вештачки декор, на кулиси поставени за драматика, за морници.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)