Чудните дојденци беа облечени полуцивилно, полувојнички, имаа капи слични на американските.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
На скелето од куќата што се гради стои Богдан со мистријата и фанглата в раце; од едната страна е газдата на куќата Шандор; од другата страна жена му Стела; Богдан на главата има капа од весник истркана со вар; малку е поднасмевнат како првпат да се слика или како да има поттргнато малку повеќе пијалак од шишето што му ѕирка од џебот; насмевната е и Стела чиј фустан и престилка се испрскани со малтер; на главата има шамија, но бујната коса ѝ стрчи од страна; лицето ѝ е машкесто, јадро, со изразити црти;
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Само што место глава имаше капа, недефинирана меѓу војничка и милициска, која, пак, се отвораше како капак и ја покажуваше зјапнатата јама на празниот череп.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
На главата имаше капа од јагнешка кожа.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)