11. Кога бил мал татко ми имал куче, го викале Барак.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Но имаше кучиња кои не соработуваа со ветеринарот, кои го гледаа душмански или кои се преправаа и симулираа дека имаат некоја мака и невола и тогаш ветеринарот им ја забодуваше инјекцијата и тие по цел ден мирно спиеја.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Нешто таму на улицата се шугали, се обѕира некој да не го види и страотно вешто се вотна во куќата на тој кому верата не му дозволува да има куче.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
- Ви се чудам на паметот, - им вели Сатирот. – Па сите оние на кои верата не им дозволува да имаат кучиња знаат, а вие не знаете.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
За луѓето на кои верата им дозолуваше да имаат кучиња тоа беше најголемата навреда што можеше да им биде нанесена.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Го фати за кожата од која вратот и му го фрли пред врата на комшијата; му му го фрли ака на комшијата да не може да се посомнева во комшијата кому верата не му дава да има куче.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
На едниот, бидејќи верата не му дозволува да има куче, а на другиот бидејќи верата му дозволува, има куче.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
- Имав куче, Караман. Зимоска, кога беше снегот, и кога бев сам овде, и кога бев болен, Караман се бореше со волците.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Појдов кон куќата и, замислен како ќе настапам, не помислив дека Симон може да има куче.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
- Да, паркот е убав на пролет, добро би ни дошло да повозиме велосипеди. (Да имавме куче или дете, или и двете, ќе ги шетавме нив).
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Да имавме куче и за него ќе донесеше подарок.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Дури не сакам ни да се сетам. Три реченици. Толку.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Но по улиците немаше чешми, чешмите беа по дворовите, а во дворовите имаше кучиња, кучињата беа одврзани и ‘ржеа со рѓосаните заби по секој неканет гостин што ќе му се доближеше до сопственичката порта.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Секогаш размислата го враќаше на веќе здодевното и бескорисно прашање зошто му требаше да има куче?
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Испушташе ниски извици, како гровтања, кои се забрзуваа како што тој се забрзуваше.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Ние имавме куче кога бев помала.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
А може ли да ми покажете како се прави за да можам во иднина сама да готвам?
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
А да, ти имаше куче - ама, сепак, и тие гризат! Маче си е маче!
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Кај што има куче има и здрав човек.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Има куче и куче, вели Доксим Тренчески и уште го распретува огнот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)