Господ е вечен, значи, Тој не може да има мајка.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Подоцна, на суд, Тот повторуваше дека е Христос и со теолошки аргументи се спротивставуваше на идејата да се слика Христос во скутот на мајка си.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Децава наши имаат мајки што ги родиле, но и кози што ги одржале живи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Би требало секој да биде во состојба да се загледа наназад во минатото и да биде сигурен дека имал мајка што го сакала, целиот, без услови, дури и кога ќе се покакал или помочкал.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Ами децата? Децата си имаат мајка, ќе ги одгледа, ќе ги порасне и ќе ги направи робови на агата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Си има татко, си има мајка, нека му ја мислат.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Јас како и Ели, во целото време чувствував - ние имавме мајка.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
АНТИЦА: (без волја). Така си е, бабо, ама не е ни лично ни прилегано јас да давам збор, бидејќи си имам мајка, која си го бере тоа гајле.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
- Имам мајка... Тажно е кога некој има мајка.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
И другите дваца имаат мајки. Сите луѓе на светот имаат мајки. Обични старици.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
И третиот има мајка. Обична старица како и секоја мајка.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Тогаш на жената ќе ѝ биде сигурна заработката, и тоа за цел живот, зашто грижата за сакатите е вносно занимање. Има мајки и мајки.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Изградбата на Ајфеловата кула беше прекрасна и многу важна работа. Денес, тоа тешко може да се сфати.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Сѐ на светов има мајка, ни рече мајка Верна Јаковлеска, и сонцето има мајка.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Се колнам, само нашите очи, нашите погледи исто така тивко му говореа, - да татенце, толку студ, толку снег, толку страв, ништо тоа не е кога се има мајка, не студи, татенце, не боли кога се има мајка...
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Сигурно, проклет да бидам, сѐ има мајка.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Има ли мајка сонцето, прашаше некое брливо детенце, сакаше да знае дали сонцето има мајка.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Имаше Мајка голема душа и сочувство за страдањето на другите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
А страдаа илјадници невини деца, семејства, на кои земјата која ја претставував им помагаше...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Мене ми беше жал, отидов и го донесов, а таа го грабна цврсто оплакувајќи го: Несреќнику мој, кој ќе те догледа, ти нема да знаеш дека си имал мајка и ја заврти устата да не му дише.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Дали знае дека има мајка...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
- Така, обично... да му објаснам, да знае дека има мајка...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
И Бог си има мајка! Албанска поговорка
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Маријанти беше ги собрала во мензата сите мајки и бараше од нив да речат дека во оваа средина не сакаат да ги имаат мајка Евгенија и една мајка од Брештини.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Исто така тивко и жално Јоне и Геле ќе запееја по него: Имала мајка девет синови, Десетти пусти црни Ѓорѓија...
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Јас сум Нероден Петко и таков ќе си останам се додека не се најде тој што ќе ми покаже дека имам мајка, таков сум јас.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
И уште се потсети Фимка на жената, која пред неа го тераше коњот со ранетиот командант, на кој му велеше: - Има мајка, синко - велеше жената и во нејзините зборови истовремено со тивкото тропање на коњските копита одзвучуваше и шушкањето на опинците по планинската правлива патека што змиулесто се спушта прудолу по голата удолнина.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Има мајка и големи и мали чеда - раскажуваше жената.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во едно интервју од 1978 пак рече: “Кога би ми рекле дека вечерва ќе умрам, мислам дека би се чувствувал мошне среќно”.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
А сега умираше. Дали беше среќен?
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Наспроти неуморното повикување на смртта, поголемиот дел од Борхесовите читатели се навикнаа на неговата долговечност и на претпоставката дека, ако имал мајка која живеела 99 години и тетка која имала 100 години кога умрела, и тој ќе тргне по нивниот пат и ќе биде стогодишник.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Не знам, и мислам дека никој никогаш нема да знае, едноставно затоа што смртта е најтаинственото од сите човечки незнаења.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
- Имаш мајка? - ме праша момчето што незабележано ми се беше приближило од зад грб додека се обидував да го отклучам катанецот од велосипедот „паркиран“ пред нашата зграда.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Некои, пак, имаат мајки што, откако ги родиле, доброволно ги оставиле по домовите затоа што не можеле да ги исхрануваат, нечии родители прерано умреле, нечии виле тешки алкохоличари, или...
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Герман Љушков дома имал мајка, татко, жена и седум деца, три машки и четири женски.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
— Имам мајка, брат и сестра, велам, ама за живите ништо не знам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)