има (гл.) - музика (имн.)

И нè носеше по кафеаните каде што имаше музика и пејачки; ќе тргневме некоја чашка, ќе се расположевме; ќе ги одврзевме кесињата во кои ги чувавме парите и ѝ нарачувавме песни на пејачката.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И овде имаше музика од плочи што ги пушташе една младолика црнокоса жена во Евина облека.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Така се развива вкусот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во неговата глава и во неговите цврсто стиснати усни имаше музика, и тој ја управуваше големата машина, громовито силната органа, басот, тенорот, сопранот, длабоко, високо, и на крајот, струната што му предизвикуваше морници така што мораше да ги затвори очите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во архитектурата, каде работата е поделена како и во музиката, исто така сѐ уште не може да се забележи таа слобода која ја има музиката.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
- Зошто е сето тоа потребно, кога има музика што веднаш штом ќе ја чуеш ти се допаѓа и не треба никакво навикнување на увото? – се чудев.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ќе има музика, вино и смеа...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)