има (гл.) - ново (имн.)

Додека говедата пиеја вода, Бојан влезе да види што има ново кај овците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од коријата излезе Горјан, дојде до него и праша: - Како? Што има ново?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- А што има ново кај вас? - праша Рада и се стресе од студена пот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Плахо се приближи до столчето и седна на крај, не осмелувајќи се да рече ни збор. – Па што има ново? Работата – врви !
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
„Како си Тодоре, шо има ново“ праша Костадин.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Што има ново во Костур?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Што има ново во Југославија?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Што има ново кај тебе? Да не се омажи?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„О, госпоѓата на нашиот Генерал дошла да нѐ посети“, вели тој откако ја забележа Трајчеица и некако загадочно се осмевнува, како да ја насетува миризбата на разговорот што до предмалку шеташе помеѓу нас двете, а потоа пријде, се поздрави; Што има ново кај вас, прашува, ну, как паживаете, как здаровје, жизн, постапува сѐ по моите упатствата, како оној зет кога требало да ги посети тестот и бабата во другото село па жената го подучила како да се однесува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)