Во стара Чешка приказна, се зборува за љубомората на ѓаволот кон Бог кој имал овци.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Доцна синоќа, откако го изгаснаа ламбичето, откако го запретаа жарот во огништето и си легнаа, добриот старец не заборави да му напомне дека треба да внимава на овците што се пред ојагнување, посебно да се грижи за малите јагниња, да ги дои, зашто има овци кои не сакаат да ги дојат своите рожби.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Лели имало овчички — ќе ми си напредиш, ќе ми си наткаиш и ќе ми си навезиш и кошулки, и саѓијки и гунки.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ама тогаш имаше овци, овци...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)