На Градишки Рид, кој е, всушност, јужен лак на Потковицата, стотина метри источно од Градишки Пат, незабележливи на прв поглед, зашто се сокриени во шумата, затрупани во земја и сосема непознати за дошлаците, има остатоци од стара населба - расфрлани камења, покривни плочи, парченца ќерамика и слично.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Навистина, во ѕидот што ја оградуваше Дупка од горна страна, од кај шумата и од кај дивината, имаше вградено едно четириаголно куќиче кое однатре беше сето исчадено и на чии ѕидови имаше остатоци од црвени и модри бои.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
По посетата на пештерата, некогашната партизанска болница, во која сѐ уште има остатоци од дрвени кревети поставени на три слоеви, фаќаме пат за Пили, по старо Винени, единствено село во Преспа кое по грчката катастрофа во Мала Азија во војната со Турција, тука доселија просвиги – бегалци, од Македонците наречени маџири.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)