Глупаво. Обајцата не можеа да имаат очила.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тој е облечен во стар костум. Изгледа исцрпено и запуштено. На носот има очила со само една рачка.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Французинот ја крена главата и го погледна заинтересирано; имаше очила со големи диоптери, та очите му беа јадри, дури и испупчени; а кога ќе ги извадеше да ги избриши од пареата, очите му стануваа толку ситни што му се губеа под нададените веѓи.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)