има (гл.) - причина (имн.)

Ако му се посочи некоја книга за која има причина да помисли дека е занимлива, тој ја набавува и ја чита (Витгенштајн, Набоков, МекЛуан).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Еден од нив е да го врати потегот кога ќе стане јасно дека бил лош.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа го прави така што чита часописи, ги посетува галериите и студијата, одговара на телефон, разговара со пријателите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
— Ами знаеш ли дека Сефедин и мудурот во Витолишта најмногу пиштат од тоа село?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Ете, тие се злото на царштината и тие ќе ја урнат, а не овие домаќини луѓе што се креваат да си ги заштитат своите имоти и животи", — си заклучи тој и си отиде во Битола да му рапортира на својот бимбашија, а преку него и на самиот Бахтијара дека во неговото село зимоска убаво поминал без да имало причини за зулуми правење.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Не ми останува ништо друго освен да ти верувам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Повеќе не сум истата, за се има причина и од многуте избори пак ќе го изберам погрешниот, песимизмот и меланхолијата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ова особено доаѓа до израз во едно писмо што Дишан ѝ го испратил во 1957 на Американската федерација за уметност од Хјустон: „Гледачот го доведува делото во контакт со надворешниот свет преку своето дешифрирање и интерпретирање на неговите внатрешни квалитети и“, вели тој, „допринесува во креативниот чин“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
(16 Но дури и да ја прифатиме Дишановата хипотеза, сѐ уште можеме да чувствуваме потреба да ја доведеме во прашање вредноста и/или кредибилитетот на одредена интерпретација - особено ако имаме причина да се сомневаме во способноста на интерпретаторот да ги дешифрира фактите, или ако сметаме дека податоците што тој/таа ги има на располагање се неточни или недоволни. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 117
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Слутам дека адвентистот и мандолината веќе не ќе имаат причина за кавга. Богоугодно дело за човечки мир.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тогаш Димче сфати дека Павле имал причина што не сакал да го пушти внатре.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Тоа што го разбрав беше дека луѓево навистина имале причина за тревога.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Имаше причина да се дојде до заклучкот дека, за да биде полегната тревата и на неа да биде оставен отпечаток од формата на змијата, змијата мора да лежела таму долго време, нешто што се чинеше дека не е можно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Секој одвај чека да има причина барем да оди да се провртка низ Охрид.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Итриот Ерменец има причини да биде спрема него повеќе од учтив одошто е потребно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Потоа одеднаш се крена и лаеж, отпрво несигурно, како да кучето што се огласи, уште не беше сигурно дали има причина да лае или не.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не, решетките не ги гледам но знам дека се негде над мене.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Наеднаш помислив дека сум буден и дека седам на ќебето што го имам спрострено под решетките.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И дали доверувањето и на таквите вистини личи на разголување?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зар има причина таквите нешта да се сметаат за тајна?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој расплет ја антиципира институционализираната објективизација на жената како културна урнатина - како што, впрочем, ја прикажува Karen Finley: „Сакам да осетиш болка...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ги мразам луѓето што имаат причина за сè.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога има причина, секој се радува за себе, кога несреќата ќе удри на еден, сите скрбиме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ни на дојденците, биле тие наши роднини или намерници, не им даваме да пеат и да се вртат на оро.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Иако со Лила се немаше чуено веќе цела недела, тие денови не успевајќи да ја најде дома, ниту пак да прими нејзин повик, Константин З. сепак имаше причина да биде исклучително задоволен.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Реков: - Тоа се забите на едно друго време.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Значи си имал причина да не излегуваш - климна со главата, во знак на разбирање Б.С.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не ти излегло ниту крв, ниту око, а се дереш, чекај тогаш уште малку, барем да има причина за солзите.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
На крајот реши подолго време да се кара со неа за да има причина да ја избрка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ѓорѓија ја праша дали ѝ се допаднале колачите. - О! Да! - рече таа. Многу биле вкусни.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Можеби имам причини за тоа“, рече таа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)