На пример, во 1994 година, Мекдијармид создаде компјутерски генериран ласерски печат на штица, кој сега се наоѓа во збирката на Националната галерија на Викторија во Мелбурн и кој слично упатува на Лезли Гор: на заднина со виножитни бои има текст во обратни виножитни бои кој гласи: „Мој е журот и ако сакам ќе умрам, срцка“169 (Спореди го насловот на филмот на Рандал Кејсер од 1996 за самоубиство поради сида „Мој е журот“.) Мекдијармид создаде и реплика на порнографско списание за ХИВ-позитивни геј-мажи, соодветник на Плејбој [Бонвиван], наречен Плејгбој [Бончумосан], наводно со написи насловени како Полумртов и изгор и Сексот и Т-клетката самец.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)