- Дај капка ракија. Колку да се подмаже. А да прикажуваме можеме - имаме уста.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
— Мори, имаш уста или немаш, ѝ велам и ѝ ги тргам рацете откај мене, ја седнувам до ѕидот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
На прво место Митра му се бендиса како жена. Спротивно на испупчените усти и заби на Ката, Митра имаше усти како кутивче полно со два реда прави, бели бисерни заби.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)