Тие можат да се видат во витрините, ги има во повеќе инсталации; особено присутни се во композицијата насловена како “Водечки сили”, каде стотина од нив се расфрлани по платото во онаа состојба во која ги оставил Бојс за времетраењето на изложбата “Art into society, society into art”, а на која присуствувал секојдневно, од пладне до осум часот навечер и водел еден вид отворен семинар за “водечките сили на едно ново општество”.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
На оваа слика облечен е во војничка униформа и на ракавите и на реверите од блузата има чинови.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Во тој миг Цви Корец длабоко во срцето почувствува дека судбината негова, на семејството, советот, заедницата, на целиот овој град, сѐ посилно се заплеткува во големо клопче што се намотува, се пласти и стега околу сите нив заедно од некоја огромна сила спрема којашто секој отпор е слаб, оттука и излишен.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Всушност, се работи за основното место што за него го имал чинот на предавањето, не само заради тоа што тој сакал да зборува и да убедува и затоа што неговата харизма била голема, туку, како што пишува неговиот биограф, “предавањето беше суштинска компонента на неговата волја за проширување на полето на уметноста”.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Оваа биографска епизода, раскажана од Хајнер Штахелхаус (издание Abevil press), осветлува само еден аспект од личноста и делото на Бојс, аспект којшто изложбата во Бобур тешко дека би можела да го разјасни.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Како Шарло во црно-белите филмови, додека рамката на фотографијата се затвора во кружен црн ирис... „Се вика Дитер Вислицени и има чин на капетан”, го известуваат првиот меѓу рабините и предводникот на солунската еврејска заедницата во неговата канцеларија, „и тука пристигна на 6. февруари.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)