На скелето од куќата што се гради стои Богдан со мистријата и фанглата в раце; од едната страна е газдата на куќата Шандор; од другата страна жена му Стела; Богдан на главата има капа од весник истркана со вар; малку е поднасмевнат како првпат да се слика или како да има поттргнато малку повеќе пијалак од шишето што му ѕирка од џебот; насмевната е и Стела чиј фустан и престилка се испрскани со малтер; на главата има шамија, но бујната коса ѝ стрчи од страна; лицето ѝ е машкесто, јадро, со изразити црти;
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
На главата имав шамија која беше сета водена од плачење па си помислив – маќеа си е маќеа.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)