има (гл.) - школка (имн.)

Има школки на кои им прилега да бидат вкотвени во вековите, вели уште неродената Венера потсмевајќи им се на баналностите на мултилингвалните туристички водичи.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Од старчето се цедеше вода. Место обувки какви што им прилегаат на луѓето, на нозете имаше школки. По една на прстите и по една на петиците.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
ШКОЛКА ВКОТВЕНА ВО ВЕКОВИТЕ
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Оние поспастрените ќе ги потсетуваш дека и онаа Венера на Ботичели стои на школка која не случајно е наречена капичка или чешларка и која е живо сведоштво за тоа дека има школки со убави гради
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)