Во косата имаше бели прамени, но вистински застрашувачки детаљ беше нејзината малку подотворена уста во која немаше ништо освен пештерска темница.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Богдан, бидејќи беше кротка, со задоволство ја негуваше пудлицата која имаше бело и кадраво крзно како јагне.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Имаше бела облека и мирисаше на јоргован И чув реброто во нејзината утроба како крцка зашто се делеше на две.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Пред дуќанот на Ружди имаше бела чингена пајнца, поткршена на едниот крај, обесена одлево на вратата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
На столчето каде што вообичаено ги оставаше фармерките и маичката, имаше бела кошула што Александар ја имаше купено пред една година од еден фенси бутик од главниот град.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Знаеше дека има бел отров во очите како оној што личеше на брест, како поднаредникот без веѓи, како тие двајца во оној ден пред тоа на планинскиот пат; знаеше дека нема право на тој збор но уживаше во дрскоста и мислеше на трите маслинки во паркот;и знаеше дека во ова студирање без сведоци може да остане само еден и да биде од тој час псамен патник на планина.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Навистина имал бела коса, бели веѓи и бели клепки; ситната муцка му била зајачка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Денес си повеќе жолт отколку бел. - Ама не, зошто да не останам со вас?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Смрдливите постелчиња расцутеа, пустиот двор, црното дрво пушти цвет, имаше бел, имаше црвен, имаше син, имаше виолетов, имаше жолт, златест цвет. Крвав.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Дури и се мешаат, па има бел цвет со црвени или со жолти дамки, а може и жолт со црвени дамки, а семето е како црни топченца.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Се сетив! И баба ми има, и го вика ноќно цвеќе - има бели, црвени и жолти.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
- Не јал пченкарник затоа што имал бел леб - одговори чичко Тале.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Околу гушата има бела шарка што оддава впечаток дека е врзано со синџир.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)