Набрзо потоа ме утеши, а дури и ме зарадува мислата дека сигурно имала бурна ноќ, за која подоцна со нетрпение ќе ми раскажува, па утрово се вратила во својата драга постела, да го досонува остатокот од животот ...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Официјалната верзија беше дека таа црна овца е од една позната, стара фамилија и дека имала бурна историја на сомнителни несреќи во неколку лудници во Шпанија.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Утрото, додека нејзиниот сопруг во Барселона не можеше да пронајде никаква трага од неа, мораа да ја однесат во амбулантата, зашто ја пронајдоа онесвестена во локви од сопствената нужда.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)