Потоа мајка му го закла петелот што го имаше ветено за да му ја стави главата во гробот на Илко како курбан - за да не повлече со себе некој друг од фамилијата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
На своите ќерки Зигмунд честопати им велеше: “Најинтелигентните меѓу младите мажи добро знаат што треба да имаат жените: благост, веселост и способност животот да им го направат поубав и полесен.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Утредента попладне се упати Томето накај дома, бидејќи ѝ имаше ветено на мајка си дека ќе руча дома со неа и Тинето.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Да бидам попрецизна, всушност, тоа не беше нејзина туку моја книга, романот што ми го имаше ветено којзнае од кога и што со нетрпение го очекував веќе со години.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Не беше фер, брат ми да има свој роман, а јас да немам, но и не беше фер што таа толку многу одолжуваше со него.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Забраната за образованието не ја натера да се оддалечи од него; му стана уште поприврзана, ги мразеше сите жени кои му беа блиски: си ги мразеше сестрите, ја мразеше тетка си Мина затоа што патуваше често со брат ми, ги мразеше и госпоѓите кои, покрај брат ми, ја проучуваа психоанализата, и единствено со една од нив, со Лу Саломе, ја врзуваше блиско пријателство, нешто што можеби ќе се претвореше во голема и страсна љубов, да не му го имаше ветено своето срце на друг – на татко си.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)