„Тоа е сѐ!“ си повторува во себе. Тоа имаше двојно значење.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
За Камилски зборот филан и цитатот на Андре Мазон, најден како француски војник на Источната Армија во Корча, извлечен од неговите балкански документи, односно неговата книга Contes slaves de la Macedoine sud occidentale (Словенски приказни од југгозападна Македонија), објавена 1923 година во Париз, ќе бидат од посебно значење и тој на одделен потсетник запиша за да му го изложи на Татко како посебно ова прашање при скорешната средба.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски во толкувањето на оваа заемка од турскиот јазик (на турски filnfilan), се послужи со толкувањето на францускиот славист Андре Мазон, според кого непроменливата придавка filan (filan), извесен, извесна е вистинска граматичка заемка од турски (filan), која има двојна употреба во однос на значењето со зборот etokoj.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Болницата беше трансмисија меѓу родилките и Јана, која имаше двојна улога, и теренска бабица, и патронажна сестра.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ако било што што можеме да знаеме е согледано како премин од нешто друго, секое искуствено сознание мора да има две страни; така, или секоја именка мора да има двојно значење, или пак, за секое значење мора да постојат две именки”. **
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
„Маргина“ ќе има двојна функција: од една страна да ги „пополнува дупките“ на комуникациски рудиментарната македонска култура, а од друга страна токму треба да прави дупки!
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Тој-зашто оди, мајка ми и татко ми исто така заради него, а јас имав двојна причина.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Конечно сама дома, си мислев.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ја сакаше нејзината насмевка додека го послужуваше нешта што - кога ќе се погодев со нив, ќе спомнев онака отстрана - почнала самата да ги готви и кои тој искрено ги фалеше зашто тие за него имаа двојна сласт.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Очекувајќи ја, Јехуда мислеше на неа и времето во работа му минуваше неосетно, сè додека, стоејќи во прикрајок од неговиот дуќан да излезе понекој задоцнет муштерија, Алгра не се појавеше на вратата од неговиот дуќан и не му ја положеше главата на градите, симнувајќи му го кројачкото метро од вратот со едно долго повлекување. Така од квечерина на квечерина Алега и Јехуда сè потешко се разделуваа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Црешите близначки имаат двојна неизвесност, а понекогаш паралелно минато и иднина.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Не еднаш ја почувствувала моќта на пропагандата.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Меѓу нас нема тајни... “ го запраша Дејко, ама Љупчо му го пресече зборот:
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Е, да знаеш, овојпат има!“ нервозно извика.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Наставникот по фискултура имаше двојна улога: и тренер и судија. Се трудеше да биде справедлив.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)